Судејќи по се, неверојатно високите облакодери кои предизвикуваат чувство на стравопочит кај секој што ги гледа, почнуваат да го освојуваат секој агол на нашиот свет

Кетл колектив, шкотско архитектонско студио, штотуку создаде еден облакодер, кој дефинитивно ќе остане запаметен. Компанијата ги откри своите планови за изградба на облакодер висок 703 метри во Санкт Петербург, Русија, кој на тој начин би станал втор по висина зграда во светот.

Наречен Лахта Центар II, облакодерот од 150 ката ќе го има и највисокиот населен спрат во светот, на висина од 590 метри. Облакодерот ќе биде изграден веднаш до Центарот Лахта, седиштето на руската компанија Гаспром, која воедно е и највисоката зграда во земјата досега.

Коментирајќи го својот последен проект, основачот на Кетл колектив, Тони Кетл, рече: „Дизајнот е естетски и функционален затоа што ќе ја намали силата на ветерот што ќе влијае на структурата, истовремено намалувајќи ги димензиите на структурните елементи кои се неопходни“.

Покрај тоа, тој додаде: „Надворешниот слој на зградата е создаден од спирални столбови кои формираат органска матрица, додека структурата е нагласена со серија спирални атриуми, поделени со вертикални јавни простори. Облакодерот ќе има најдобар ниско-енергетски, еднократно дизајн во срцето на новата деловна област“.

Дали Русија ќе стане нова земја на облакодери?

By Admin