Еве зошто е важно редовно да се менува четката за заби
Газираните и слатките пијалоци предизвикуваат таложење на наслаги – колонии на бактерии на вашите заби.
Исто така, кога јадеме нездрава храна, бактериите се лепат за забите и создаваат киселина која подоцна предизвикува расипување или каријас на забите, пишува „Експрес“.
Редовното четкање на забите помага да се отстранат овие наслаги и ја подобрува оралната хигиена.
Акумулација на бактерии на забите се случува и кога не ја менуваме редовно четката за заби.
Студијата од 2013 година која ја тестираше ефикасноста на четките за заби покажа дека по три месеци употреба, четките за заби повеќе не се ефикасни во отстранувањето на наслагите.
Со текот на времето, влакната од четката за заби се деформираат и тие повеќе не можат да ги чистат областите на кои треба да се насочени влакната.
Истражувачите откриле дека проширувањето на влакната започнува по 40 дена користење на четката за заби.
Кога тоа ќе се случи, наслаги почнуваат да се создаваат, што може да доведе до заболување на непцата. Истражувањето покажа дека луѓето кои не ја смениле четката по 40 дена употреба имале значително поголем процент на насобирање на наслаги.
Колку често треба да ги менуваме четките за заби?
Иако менувањето на четката за заби звучи многу логично, многу луѓе ја користат неколку месеци подолго од препорачаното време.
Според Центрите за контрола и превенција на болести, треба да ја менувате четката за заби на секои три до четири месеци.
За да го одржите оралното здравје, треба да ги преземете и следниве чекори:
– мијте ги забите два пати на ден
– користете врвка за чистење на забите
– намалете го внесот на шеќер
– избегнувајте пушење
– ограничете го внесот на алкохол
– вршете редовни прегледи кај стоматолог.
Здрави заби, здраво тело.