Колку често треба да ѓи менуваме пижамите? Експертите објаснуваат дека повеќето луѓе ги носат подолго отколку што треба
Статистиката покажува дека мажите почесто ги менуваат пижамите од жените

Ако ја носите истата ноќница предолго, може да предизвикате голем број дерматолошки проблеми. Затоа експертите советуваат колку дена се препорачува да се носи

Статистиката покажува дека просечната должина на времето во која жените носат пижами е 17, додека мажите ги перат по 13 дена користење.

Од 2.500 жени кои учествувале во истражувањето, речиси половина од дамите изјавиле дека главната причина поради која не ги менуваат доволно често пижамите е тоа што забораваат колку ноќи ги носеле. Од друга страна, повеќето мажи изјавиле дека не ги перат секоја недела бидејќи „носат што ќе најдат прво“.

Одговорот на прашањето колку често треба да се перат зависи од повеќе фактори и од нивото на вашата лична хигиена. Технички, внатрешниот дел на пижамите е во контакт со кожата, па можете да го сметате за исто како долната облека. Меѓутоа, ако се истуширате или капете пред спиење, пижамите нема да ви бидат толку валкани. Во случај да сте болни, да имате температура или грип, треба да ги перете пижамите секој ден. Истото важи и ако останете во пижами цел ден, носејќи ги во домот наместо во гардероба – сметаат експертите.

By Author