Во детството, мозокот се развива брзо – и сè влијае на него.
Децата кои поминуваат помалку од еден час на своите телефони и други уреди секој ден развиваат поголеми мозочни функции од нивните врсници, покажуваат студиите.
Научниците од Илиноис откриле дека двегодишните деца, на кои им е ограничено 60 минути на екранот и кои си играат со другите најмалку 15 минути, имаат подобра функција на мозокот.
Тие ги надминаа своите врсници во задачи кои бараат меморија, распон на внимание, донесување одлуки – но и подобра способност за повеќе задачи.
Се смета дека играњето надвор или со традиционални играчки го зголемува протокот на крв во мозокот, а со тоа ги зголемува крвните садови и ги зајакнува врските со невроните. Ова им овозможува на децата да имаат подобар когнитивен развој.
Зјапањето во електрониката, пак, не го стимулира мозокот и се верува дека детскиот церебрален кортекс, кој го насочува критичкото размислување и расудувањето, се намалува. Детството е чувствителен период на когнитивен развој и брз раст на мозокот, што значи дека факторите како што се храната, вежбањето и времето на екранот играат клучна улога, велат научниците.