Кажете им не на пекарите! Вашиот избор не треба да бидат пецива или крофни, иако најлесно е наутро да влезете во првата пекара и така брзо да го решите „проблемот“ со појадокот.
Сезонска салата
Подготовка: 5 минути
Измијте го зеленчукот по ваш избор (на пр. 1 морков, 3 ротквици, 4-5 листови зелена салата, 1 главица кромид) и добро исецкајте. Зеленчукот измешајте го во стаклен сад со капак, додадете 1-2 лажици ленено семе, зачинете со сок од половина лимон и малку сол. Покријте го садот и салатата е подготвена да ја однесете на работа и идеален здрав појадок. Со салатата изедете парче тост или интегрален леб.
Од зеленчук, во зависност од вкусот и сезоната, можете да ставите и домати, спанаќ, краставици, па дури и некое овошје, на пр. јаболко, круша, лубеница, диња, грозје, како и коцки сирење. Сакам кога е шарено! Салатата може да се подготви навечер и да се остави во фрижидер.