Потребни состојки

7 јајца

7 лажици шекер

14 лажицимелени ораси

3 лажици брашно

1 лажиче масло

кора од лимон

Фил бел

3/4 л млеко

10 лажици шекер

2 пудинга ванила или 8 лажици густин

130 гр маргарин

црн фил

1/4 л млеко

200 гр шекер

200 гр мелени ораси

150 гр чоколадо

120 гр маргарин

6 бисквити

3 кутии јафа бисквити

ПОДГОТОВКА:

Се матат 7-те јајца со шекерот па се додават 14 лажици мелени ораси, 3 лажици брашно, едно мало лажиче масло и кора од еден лимон. Се пече во долгнавесто тавче бр 40.

Тестото се сече на половина. Се прават 2 овакви теста.

бел фил:

Се вари пудинг од млекото со 8 лажици шекер и ванила пудингот (густин). Маргаринот 250 гр се мати со 2 лажици прав шекер. Откако ќе се излади кремот половина од маргаринот се додава во кремот.

Црн фил:

1/4 л млеко да зоврие со 200 гр шекер се трга настрана и се додават мелените ораси, чоколадата и мелените бисквити. Откога ќе се излади се додава изматениот маргарин.

Тортата се реди тесто бел фил, јафа бисквити, бел фил, тесто црн фил, тесто, бел фил, јафа, бел фил, тесто, црн фил. Се украсува по желба, фондан, чоколадо, шлаг.

Уживајте во вкусот!

By Author