Во метежот и вревата на современиот свет, хобито може да изгледа како невозможна мисија. За здраво тело и здрв дух мора да најдеме време кое ќе си го посветиме само себеси
Помеѓу работата, социјалните обврски и обврските дома, одвојувањето неколку часа неделно само за забава, за жал, не е секогаш приоритет. Некако се запоставуваме себеси во текот на денот, па често се случува да имаме време за се друго освен за нашите интереси.
Со текот на времето, ова може да предизвика незадоволство и лутина бидејќи се чувствуваме обземени од нашите секојдневни задачи, се верува дека хобито може позитивно да влијае на нашето физичко и ментално здравје.
Зошто ни е потребно хоби?
Истражувачите откриле дека луѓето кои своето слободно време го посветуваат на хоби имале помало количество на хормони на стрес кои минуваат низ нивните тела, пишува The List.
Хобиите, без разлика дали се физички или ментални активности, исто така можат да влијаат на кондицијата на една личност. Слободните активности, исто така, помагаат да се намали крвниот притисок и да се подобри сонот.
Слободните активности го промовираат и менталното здравје
Еден од првите знаци на депресија е губење на интерес за редовни активности. Сепак, започнувањето на ново хоби може да помогне да се ублажат чувствата на депресија и анксиозност. Кога правиме работи кои ни носат радост, невротрансмитерите во нашиот мозок ослободуваат допамин, хемикалија која прави да се чувствуваме добро и среќни. Со други зборови, хобиите не само што помагаат во спречување на депресија и анксиозност, туку можат да помогнат и активно да се ублажат симптомите на двете.