Ако сте од оние луѓе кои сакаат долготрајни парфеми, но по некое време не можете да го почувствувате тоа на вашата кожа бидејќи мирисот брзо излегува од вашето тело, еве неколку совети.

Познатиот совет на Коко Шанел да го ставите парфемот таму каде што сакате да ве бакнуваат можеби има смисла. Значи, дефинитивно не на облека.

Со мали трикови ќе направите парфемот да трае подолго

Прскањето со свеж мирис на нечисто тело не само што е бесмислено, туку и може да го влоши мирисот. Парфемите кои се силни или зачинети не се мешаат добро со потта.

Секогаш кога е можно, нанесувајте парфем после туширањето, кожата е подготвена да ги задржи мирисите. Порите се отвораат, па затоа е идеален момент за нанесување парфем. Не нанесувајте парфем додека вашата кожа е сеуште влажна бидејќи брзо ќе исчезне кога ќе се исуши.

Еден трик како вашиот парфем да трае подолго е всушност многу едноставен.

– Нанесете хидратантна крема без мирис каде што ќе го нанесете вашиот мирис. Потоа испрскајте или намачкајте го парфемот и завршете со уште еден слој хидратантен крем за да го запечатите мирисот, изјави за Bustle креаторката на содржини за убавина, Анастазија Дупи, пренесува The List.

Нанесете парфем каде што вашето тело има најмногу топлина, вклучувајќи ги зглобовите, задниот дел од вратот, па дури и горниот дел од главата.

Многу луѓе ставаат парфем и на косата, но ова не е најдобрата идеја. Мирисите може да ја исушат и оштетат вашата коса. Една од најголемите причини е алкохолот кој се наоѓа во парфемот. Повеќето парфеми содржат 60% до 70% алкохол. Најдобар начин е да нанесете парфем на четка и потоа да ја исчешлате косата со неа.

За дополнителен ефект, оваа постапка можеме да ја примениме на влажна коса, бидејќи за време на сушењето, топлината ќе и помогне на косата да го задржи прекрасниот мирис на парфемот, кој трае подолго, во текот на денот.

By Author