Ако сте пушач или поранешен пушач, вашите бели дробови се многу полни со токсини од цигари.
Нема да ви треба чудо за чистење на белите дробови, туку чудесен пијалок со лековити својства направен од три растенија, ѓумбир, кромид и куркума
Ѓумбир
Овој древен зачин се користел уште од античко време поради неговите лековити својства. Меѓу другото, помага да се елиминира вишокот слуз во белите дробови.
Кромид
Кромидот, како и лукот, има антиканцерогени својства и е одличен борец за многу здравствени состојби. Посебно е ефикасен во спречување на разни болести на респираторниот систем.
Куркума
Куркумата или индискиот шафран е полн со витамини и минерали, а содржи и супер здрави омега 3 масни киселини. Има антивирусни, антибактериски и антиканцерогени својства, затоа не заборавајте да ја збогатите вашата дневна исхрана со овој зачин.
За почеток додадете го во напиток кој ги чисти белите дробови, а за кој ви треба:
- 400 грама кромид
- 1 литар вода
- 400 грама шеќер (ако сакате поздрава верзија, користете мед или јаворов сируп)
- 2 лажици куркума
- корен од ѓумбир со големина на палец
Подготовка:
Во водата додадете шеќер, ставете ја на оган и оставете да зоврие.
Главите кромид исечкајте ги на четвртинки, исечкајте го коренот од ѓумбир и додадете ги во засладената вода.
Кога смесата повторно ќе зоврие, додадете ја куркумата и намалете ја топлината на минимум.
Оставете ја смесата да се готви додека количината на вода не се намали за половина. Потоа процедете го и истурете го во стаклена тегла.
Кога целосно ќе се излади, ставете го во фрижидер и чувајте го таму цело време.
Земете две лажици од еликсирот наутро на празен стомак и навечер два часа по оброкот.