Делува против повеќето вируси, вклучувајќи го и вирусот на грип. Одличен е во борбата против габите и паразитите.
Научниците открија над 200 соединенија во прополисот кои се корисни за здравјето на луѓето. Прополисот содржи и неколку витамини (Б1, Б2, Б3, биотин) и аминокиселини кои се важни за функционирањето на имунолошкиот систем.
Најважната компонента на прополисот се биофлавоноидите, врз основа на кои се одредува квалитетот на прополисот. Друга придобивка на прополисот е тоа што содржи антибиотици кои спречуваат штетни микроорганизми и инфекции да влезат во телото.
Бројни студии покажаа дека прополисот е природен анестетик, антиоксиданс, антисептик, антибиотик кој делува против повеќето вируси, вклучувајќи го и вирусот на грип. Одличен е во борбата против габите и паразитите.
Прополисот се користи во лечење на болки во сомак, изгореници, габични заболувања на кожата, акни, егзема, проблеми со дишењето, настинки, пневмонија, гингивитис, кашлица, ги запира воспалителните процеси во организмот…
За проблеми со белите дробови, кашлица, настинка, грип и течење на носот, како и за проблеми со синусите, се препорачува употреба на прополис во комбинација со млеко.
Подготовка: Додадете 20 капки прополис во 300 ml врело млеко (деца помлади од 6 години, не повеќе од 4 капки прополис). Пијте го овој напиток пред спиење.
Забелешка: Пред употреба на прополис за медицински цели, задолжително консултирајте се со лекар. Прополисот треба целосно да го избегнуваат луѓето кои се алергични на мед.