Лесно и брзо се подготвува, оди со риба, а може да се послужи и само со зелена салата
Потребно е:
1 голем кромид
1/4 помала зелка
3 пиперки, може и кисели
2 моркови
4 поголеми компири
4 чешниња лук
200 гр печурки
1 домат, може и доматно пире
сув зачин
гранули лук по желба
магдонос
маслинов зејтин
Подготовка:
Исечете го кромидот на ребра, зелката, како и пиперката. Исечете го морковот на кругови. Додадете масло и динстајте да омекне зеленчукот.
На крај додадете ќи печурките и уште малку нека се продинсат. Додадете бибер зачини, сол, и сецкан лук.
Настрана компирите зачинете ѓи, додадете сол, масло малку црвен пипер лук во гранули.
Кога зеленчукот ќе омекне, извадете го од шпоретот и ставете ги листовите од компирот помеѓу зеленчукот како и доматите на кришките. На крај додадете го сечканиот лист магдонос. Се прелива со 200 гр вода и се пече во рерна … Пријатно!