Бадемовото масло е нов хит во светот на убавината. За што може сè да се користи во негата?

Има ефект против стареење
Кога се применува редовно, бадемовото масло ги брише знаците на стареење. Ја затегнува кожата и ги затвора порите, а со тоа го одложува појавувањето на брчките, пишува Аваз.

Ги отстранува лузните
Редовното нанесување на бадемово масло ќе ја направи лузната посветла. Колку е постара лузната, толку подолго ќе треба да нанесувате бадемово масло, но упорноста секако ќе ви се исплати.

Го забрзува растот на косата
Бадемовото масло е одлично за нега на коса. Не само што ја прави косата помека и посјајна, туку масирањето на скалпот со бадемово масло го поттикнува растот на косата.

Апсолутна помош
Ако сакате да ги искористите сите придобивки од бадемовото масло – пијте го. Најдобро е да се напиете една лажица масло за јадење, сладок бадем наутро. Покрај тоа што позитивно влијае на здравјето и убавината на кожата, косата и ноктите, маслото од баедм го подобрува варењето и го зајакнува нервниот систем.

By Author