Некои знаци на вистинска вистинската љубов се многу суптилни, но затоа постојат оние јасни и гласни со кои можете веднаш да видите кои се намерите на нашиот партнер.. Овие неколку работи ќе ги направи само човек кој искрено ве сака.
1. Внимателно ве слуша кога драматично го објаснувате конфликтот со колега на работа половина час.
2. Ви го препушта далечинскиот управувач кога гледате телевизија.
3. Не чека да ги миете забите за да ве бакне за добро утро.
4. Не се двоуми кога треба да оди во продавница за да ви купи влошки и тампони.
5. Ако не е со вас, не заборава да ви посака добра ноќ.
6. Ви испраќа пораки само за да ви каже дека ви недостасувате.
7. Ве советува пред да донесете важни одлуки.
8. Прави долгорочни планови со вас.
9. Иницира гушкање што не мора да резултира со секс.
10. Ви го остава последниот залак од неговиот оброк.
11. Нежно ве задева на начин што не е срамен или подол, туку забавен и смешен.
12. Ве запозна со неговите родители и пријатели.
13. Го игнорира неговиот мобилен телефон кога е во ваше друштво.
14. Му покажувате која маица од излог ви се допаѓа, а тој ве изненадува со неа следниот ден.
15. Кога ќе доживеете одреден успех, тој сепак е горд на вас, и ве бодри во целост.
16. Ве поддржува во постигнување на животни цели.