Малкумина знаат колку кајсиите се добри за здравјето. Со секојдневно консумирање кајсии го чистите организмот од токсини и бактерии, а воедно ќе се заштитите од инфекции и ќе го подобрите имунитетот.
Доколку сакате да го спасите срцето и да избегнете срцеви заболувања, кајсиите можат да ви помогнат благодарение на високото ниво на калиум кој ја помага работата на срцевите мускули.

Најчесто ги јадеме поради освежителниот вкус, ги користиме за правење џемови и сокови, но додека сме во можност треба да ги консумираме свежи и да јадеме најмалку два дневно.

Компотот од кајсии е вкусен и здрав десерт кој добро ќе ви се најде во зимските денови кога ви недостасува вкусот на летното овошје.

Се смета дека компотот најдобро го чува вкусот на овошјето, бидејќи содржи најмалку шеќер и се чува во вода.

СОСТОЈКИ:
1,5 кг кајсии
5 лажици шеќер
2 литри вода

ПОДГОТОВКА:
Кајсиите измијте ги и излупете ги. Се сече на половини и четвртини.

Наредете ја касијата во тегли, ќе ви требаат 3 тегли од 1 килограм. Погрижете се да има што помал простор помеѓу кајсиите.

Одозгора додадете една лажица шеќер ако кајсиите се послатки, а ако не се две лажици, а потоа истурете вода во теглата до врвот.

Добро затворете ги теглите, свртете ги наопаку за да проверите дали протекува вода.

За пастеризација потребно е да се свари компот. Земете поголемо тенџере и ставете крпа на дното. Наредете ги теглите така што теглите да не се допираат. Ако се допре, може да дојде до пукање.

Многу е важно теглите да се стават во ладна вода, на ладна рингла и дури потоа постепено да се загреваат. Затоа што ако има ненадејна промена на температурата, може да пукне. Преклопете го тенџерето со капак и оставете ја водата да се загрее.

Кога водата ќе зоврие, тргнете го капакот, намалете ја топлината и варете околу 15 минути.

После тоа време, исклучете ја ринглата и оставете ги теглите да се изладат во водата.

Компотот од кајсии без конзерванси е готов за отворање кога целосно ќе се излади, најдобро е да го направите еден ден подоцна.

Имајте на ум дека откако ќе ја отворите теглата, мора да ја чувате во фрижидер и потоа побрзо ќе се расипе.

Вака со месеци можете да чувате неотворени тегли во оставата

By Author