Во Франција во текот на четири дена немири приведени се 2,4 илјади луѓе, настанале 6,4 илјади пожари, изгореле 3,3 илјади автомобили. Макрон ја одложи државната посета на Германија закажана за 2-4 јули.

Генералниот конзулат на Кина во Марсеј испрати жалба до Франција откако во тој град беше нападнат автобус со кинески туристи, каде избувна насилство по убиството на 17-годишно момче во Париз, од кои некои беа полесно повредени, соопшти денеска од кинеската Канцеларијата за конзуларни работи.

Кинескиот конзулат бара од Франција да ја обезбеди безбедноста на кинеските граѓани и нивниот имот, објави Ројтерс.

Автобусот беше цел на демонстрантите за време на насилството што ги зафати француските градови во изминатите неколку дена, откако тинејџер со северноафриканско потекло беше убиен во вооружен инцидент со полицијата.

Во соопштението се наведува дека кинески туристи ја напуштиле Франција.

Тинејџерот убиен во вторникот беше погребан вчера во Нантер, предградие на Париз, а синоќа немирите малку се смирија, откако полицијата распореди десетици илјади свои припадници во градовите.

By Author