Кога се книгите во прашење оние од областа на медицината и психологијата најчесто би помислиле колку се понови толку се подобри. Сите ние зарем не го посакуваме најдоброто за нас, но не е секогаш така. Книгата на Роберт Бартон анатомија на меланхолијата е напишана во 1621година, но нејзиното револуцијонарно разбирање на човековата природа останува исклучително модерно и во денешни времиња. Бартон е Британси свештеник и научник, собирал научни работи од скоро 2 илјади години, од старогрчка филозофоја до медицина во 17ти век. Добро ја познавал темата психологија затоа што и сам страдал од “меланхолија”, при што се подразбира потиштеност, депресија и инерција. Но како Бартоновото легендарно дело се вклопува и во денешното разбирање на депресија и пореметувањето на расположението. Шкотската новинарка и авторка Ејми Липтрот повторно ја прочитала книгата и објавила Нова анатомија на меланхолијата, ажуриран водич за 21от век. Таа тврди дека за унапредување на нашето ментално здравје од 1620тите и денс се исто корисни како што биле тогаш.

1. Пратете го сопственото расположение и препознајте ги облиците

Некој кој пати од депресија, знае дека таа изгледа како да нема никаков ред или правила, но сепака нашите расположениа знаат да следат прилично слични облици. Меланхолијата Бартон ја третирал како “наследна болест” и барал облици на ментална болест во цели фамилии меѓу ѓенерациите. Се испостави дека многу ја нема промашено поентата – денес се знае дека депресијата има ѓенетска компонента и компонента на опкружувањето. Ѓенетските компоненти се корисни во предвидувањето на менталните заболувања: можеме да ѓи проучуваме облиците на сопственото понашање. Тој има фасцинантни увиди во сопствените променливи расположенија и околностите кој влијаеле на нив. Денес неговата свесност може да се смета за витално средство за контрола на менталните болести: ако можеме да ги запазиме облиците во нашето расположение и понашање можеме да управуваме со надворешните фактори кој ѓи допринесуваат.

2. Предноста на ладната вода

Можеби помалку контра интуиктивно, но ако влезете во ладна вода може да се чувствувате восхитено. Предноста на бањање на отворено “во слатководни реки и ладна вода” е една од теориите кој ги советувал на секого што сакал да живее долго. Мајк Типтон, директор на лабараторијата за истражување на екстремни опкружување при британскиот универзитет во Портсмунт кажал “како полека се навикнувате на шокот од ладната вода и почнувате подобро да се чувствувате и физички и ментално, истовремено се смалуваат упалните реакции при други врсти на шокови и стресови кој се наоѓаат во сржта на појавата на депресијата”

3. Останете во близок контакт со природата

Природата за Бартон била клучна за ублажување на симптомите на меланхолијата. За расчистување на менталната замагленост и за прочистување на вените од меланхолија и за развеселување на срцето тој ги препотачува растенијата и цекињата, а особено борачот и пченката. Бартон тврдел дека ефектите од разведрување на природата не се ограничени само на билките кој се конзумираат. Тој бил заговорник на позитивните ефекти врз човековото тело и од физичката активност како градинарство копање орање. Тоа во денешно време го потврдува и професорот Сајмонт Хисок, директор на оксвортската ботаничка градина во Британија, тој тврди дека уште во дамнешни времиња дека борчот го користеле за меланхолија, анксиозност и депресија. Бартон и сегашните психолози се согласуваат во тоа дека вежбата има најголем ефект ако има некаква цел и поврзување со природата да одгледуваш растенија, да шеташ куче …. Овие Бартонови уверувања за поврзувањето со природата денес и официјално се признати и вклучени во лечењето.

4. Кога ќе го поделите проблемот сте го преполовиле

Не треба да ја занемариме улогата и потенцијалот на пријателите пред кој можеме да ја отвориме душата и тоа што не мачи. Изолацијата и одалечувањето од луѓето се вообичаени за они кој страдаат од депресија. “Најдобар начин за да се ослободеме е да ја наметнеме бедатаврз некој наш пријател, а не само да ја таложиме во нашите гради” рекол Бартон пред 400год.

Тој сватил дека друштвото ан пријателите кој ве развеселуваат е многу по важно од лековите, ако на лекар му кажете за вашето лошо расположение тој ќе ви препише анти депресиви. Но дали знаете дека во денешно време во земјите како што се Данска, Канада и Велика Британија, лекарите препишуваат “рецепти за дружење” како што се часови по сликање, посета на музеи или групно шетање?

5. Рамнотежа измеѓу работата и животот

Треба да се најде баланс меѓу времето поминато на работа и друѓите активности. Бартон не ги употребил можеби точно овие зборови но тој мислел на тоа дека премногу поминато време над книгата читајки и пишувајки автоматски значи дека нема доволно време за други активности кој го јакнат менталното здравје и го хранат здравиот разум. Бартоновите зборови можеби потрекнуваат од дамнешни времиња, но неговата збирка теорија за причинитеи, симптомите и лечењето на меланхолијата и денес се корисни и релевантни.

Ако самосвеста, пливањето, природата, заедницата и читањето работеле во корист на луѓето пред 400год зошто не би функционирале за нас овде и денес.

By Author