Дуњата е витаминска бомба на есента и е одамна позната во народната медицина и првенствено се користи како средство за ублажување на кашлицата и за болки во стомакот.

Ова благотворно овошје потекнува од Југозападна Азија, а неговите лековити делови се овошјето, листовите и семките, особено сокот и сирупот од плодот. Благодарение на танинот и слузот, поволно делува на работата на цревата и спречува заразни болести.

Покрај минималното количество калории и масти, богат е со протеини, јаглехидрати, диетални влакна, а содржи и многу танини и пектин.

Од витамините најмногу има витамин Ц, но и голема количина на каротин (провитамин А), витамини Б1 и Б2, како и ниацин. Богат е со бакар, калиум, калциум, магнезиум, натриум, железо, сулфур, хлор.
Семките од дуња содржат дури 15% масло и големи количини на важната состојка амигдалин, односно витамин Б17, кој има антиканцерогено дејство. Семето е исто така богато со масти, танин, пектин, шеќери, јаболкова киселина, емулзин и протид. Поради сето ова, дуњата е исклучително лековито овошје.

Лековити се и плодовите, листовите и семките, особено сокот и сирупот. Благодарение на танинот и слузот, поволно делува на работата на цревата и спречува заразни болести.

– Сокот од дуња сварен со исто толку шеќер, лекува кашлица, астма и акутна дијареа.

– Печената или варена дуња се препорачува за воспаленија на слузницата на желудникот и цревата, но и за лекување на анемија.

– Чајот од цвет од дуња помага за смирување на кашлицата, а чајот од семки делува смирувачки, ја елиминира несоницата, како и лошиот здив.

– Чајот од лист од дуња е одличен природен лек за дијареа.


By Author