Шаќира е најновата жртва на се поагресивните диви свињи кои во последните неколку години напаѓаат луѓе и животни во каталонската престолнина.
Нејзината бизарна приказна ја сподели на инстаграм. Колумбиската пејачка изјави дека ја нападнале две диви свињи додека се шетала во паркот во Барсрлона со својот 8годишен син. Поп ѕвездата навела дека животните ја нападнале и при тоа ја зграбиле нејзината торба и се вратиле во шумата. Иако искината торбата и е вратена, таа ја покажала торбата пред камерата и рекла: ” Видете што и направија на мојата торба двете свињи кои ме нападнаа во паркот. Ја однесоа во шумата, а во неа беше и мојот телефон” кажала пеачката, потоа свртувајќи се кон син и му се обратила “Милане кажи ја вистината, кажи како твојата мајка им се спротистави на дивите свињи”.
Шпанија има вистински проблем со овие животни. Шпанската полиција во 2016 примила 1187 телефонски повици во врска со дивите свињи кој напаѓаат кучиња, ја одземаат храната на домашните миленици, го задржуваат сообраќајот и натрчуваат на автомобилите во градот. Бројот на овие животни нагло е пораснат во европа, а према последните проценки ѓи има повеќе од 10 милиони низ континентот. Минатата година 2020, полицајци во рим испукале фамилија диви свињи која што залутала на детско игралиште.