Има нешто посебно во домашното кафе! Недела кога сите сме дома, најчесто го пиеме дома, за да не падне во заборав, ве потсетуваме како правилно да ја сварите кралицата на сите кафиња!
Прво и основно, доброто домашно кафе бара квалитетен спој, затоа не штедете го – пијте го од задоволство, а не од потреба!
Второ, малкумина знаат дека за домашно кафе, водата не треба да врие на почетокот. Водата се загрева во џезвето пред да зоврие, па се вади од шпоретот.
Дел од водата се истура во шолјата, а во останатото се додава кафе (една дарежлива кафена лажичка за секоја шолја или повеќе ако филџаните се поголеми или сакате многу јако кафе).
Промешајте да нема грутчиња, па повторно ставете го на шпоретот и кога ќе дојде до работ на џежевето, повторно тргнете го од шпоретот и додадете ја водата што ја отуривте на почетокот. Повторно ставете го на врелиот шпорет и оставете да зоврие.
Извадете го од шпоретот, почекајте неколку секунди и додадете една лажичка ладна вода. Тогаш кафето е подготвено за послужување!
Основни грешки при подготовка на кафе:
– Премногу мешање го убива вкусот;
– Ако се остави неколку пати да се крене до врвот на џезвето, се уништува пената и се менува вкусот на кафето;
– Мешањето откако кафето ќе биде сварено, варено и извадено од шпоретот исто така ќе го промени вкусот на вашиот омилен утрински пијалок;
– Ако кафето е засладено, најдобро е шеќерот да се додаде додека водата е сеуште ладна во џезвето, пред да се додаде и да се вари кафето;
Пробајте и сами ќе видите колку е различен вкусот – подобар!