Овошјето и зеленчукот што вчера инспекторите на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) го запленија од нерегистрираните трговци на Кванташкиот пазар, е донирано во болници, здруженија, училишта и во затворот Идризово.

Донации од запленетите овошје и зеленчук биле предадени во ЈУДД „11 Oктомври“ – Скопје, Државно училиште за рехабилитација за деца и младинци со оштетен вид ‘’Димитар Влахов ‘’ Скопје, ЈЗУ Универзитетска клиника за физикална терапија и медицинска рехабилитација – Скопје, Здружение за слепи лица – Куманово, Ј.З.У Специјална болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“, ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“ – Скопје, Институт за белодробни заболувања кај децата Козле, ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци – Скопје и во КПУ Идризово.

„Изразуваме благодарност до сите надлежни институции за дадената поддршка и цврстиот став за решавање на проблемот со високите цени на производите. Се работи за доброто на граѓаните и секое заобиколување на законите ќе се санкционира, затоа што системот мора да функционира во целост со доследно почитување на законските прописи“, рече директорот Дритон Небиу.

Вчера над 30 инспектори беа на Кванташкиот пазар во Скопје и вршеа контрола на трговците со овошје и зеленчук. Од ДПИ најавија дека контролите ќе продолжат и во текот на наредниот период.

Извор: Фокус

By Author