Доколку сте љубители на сладолед и сакате да експериментирате кога се во прашање вкусовите, направете го овој вкусен и кремаст сладолед од јаткасти плодови, кој е вистинско летно освежување.

Состојки:

50 грама лешници
50 грама бадеми
20 грама ореви или ф’стаци (излупени)
500 мл свежо млеко
250 мл слатка павлака
150 грама шеќер
5 жолчки
2 – 3 капки арома на горчлив бадем и лешник

Подготовка:

Јаткастите плодови сомелете ги ситно и во нив прелијте млеко и слатката павлака.

Ставете ја смесата на шпорет на умерен оган, истурете во неа 100 грама шеќер и варете 5-6 минути со често мешање.

Извадете ја смесата од шпоретот и оставете ја да отстои под капакот 1 час.

Изматете ги жолчките со преостанатиот шеќер (50 грама). Во нив се прелива млечната смеса и се вари на пареа со постојано мешање 5-6 минути. Температурата не треба да надминува 80 степени.

По желба, во смесата со сладолед додадете уште мелени ореви.

Потоа истурете ја смесата во сад погоден за одмрзнување, кој се затвора херметички и ставете го во замрзнувач најмалку 4 часа. (Во првите два часа потребно е смесата да се меша на 30 минути).

Доколку не сакате да мешате, ви предлагаме откако ќе се замрзне 4 часа да ја извадите смесата да отстои 5-10 минути на собна температура.Откако ќе почекате треба да ја исечете на парчиња и да ја сомелете во блендер.

На овој начин се измешуваат кристалите кои можеби се формирале и млечниот сладолед станува воздушен и нежен.

By Author