Овој сок содржи неверојатни количини на железо,селен, витамини Б, Ц, Е, и Д.
Железото е клучен минерал кој е одговорен за транспорт на кислород низ телото. Недостатокот на овој минерал предизвикува анемија, додека хроничниот недостаток може да доведе до откажување на органите.
Анемијата е всушност намалена количина на црвени крвни зрнца поради недостаток на железо. Без доволно количество железо, организмот не може да произведе доволно хемоглобин, супстанца во црвените крвни зрнца која овозможува пренос на кислород до ткивата. Како резултат на тоа, може да се чувствувате слаби, уморни и раздразливи.
Овој пијалок е вистинска витаминска бомба, содржи доволно железо, па многу брзо ќе забележите подобрување, доколку патите од анемија.
За подготовка ќе ви требаат:
2 круши
1/2 чаша спанаќ
1/2 чаша зелена салата(марула)
мал шака магдонос
1 лимета
2-3 листови нане
Постапка за правење:
Измијте ги овошјето и зеленчукот, излупете ги лиметите. Сите состојки се ставаат во соковник и се цедат.