Швајцарија со нешто помалку од две третини потполно вакцинирани имаат најмала стапка на вакцинирани во западна Европа.

Секоја недела стапката на заразени расте, но за разлика од соседите, како Германија која планираат нови ограничувања,Австрија можно е да воведе задолжително вакцинирање од февруар во Швајцарија може да се деси швајцарците да одлучат потполно да се укинат некои ковид мерки.

Од поцетокот на пандемијата, швајцарската влада направи лукав баланс, пробајки да воведе мерки за контрола на ширењето на вирусот, но да остане верна на швајцарскиот систем на директна демократија, во која владата има малку формална моќ, а луѓето се тие кои го имаат крајниот збор.

Карантинот во Швајцарија никогаш не бил толку строг како кај нејзините соседите. Вакцинацијата овде долго била осетливо прашање поготово во делот на германското говорно подрачје.

Со воведување на сертификатите, а кога ковид тестовите престанале да бидат бесплатни животот на невакцинираните одеднаш многу поскапел. Владта се надевала дека тоа ќе го потикне населението на вакцинација, но наместо тоа тоа тие излегле на улица и собрале доволно потписи за референдум за ковид пропусниците.

By Author