ОВЕН
Работа:
Овните може да очекуваат многу добар работен ден, особено ако се подготвени смело да се истакнат и да преземат иницијатива за нови деловни проекти. Само напред.

Љубов: Би било добро да оставите уште малку време за љубовните настани. Денеска може да ве очекува пријатно изненадување од саканата личност.

Здравје: Внимателно ракувајте со предметите со остри рабови.

БИК
Работа:
Еден деловен циклус, не најдобар за повеќето Бикови, заврши, а треба да започне уште еден многу поповолен. Работете на подобра организација.

Љубов: Големите пресврти не се видливи на вашиот љубовен хоризонт. Засега е потребно уште малку трпение, а оваа сабота може да ве искушаат старите симпатии.

Здравје: Потребен ви е квалитетен сон.

БЛИЗНАЦИТЕ
Работа:
Претстои солиден работен ден за родените во астролошкиот знак Близнаци. Пазете се од нереални деловни ветувања. Полека, чекор по чекор, се може да се постигне.

Љубов: На крилјата на позитивното расположение, можете да направите многу убави работи во љубовната сфера. Бидете активни, но не заборавајте дека не зависи се од вас.

Здравје: Обидете се да избегнувате нагли физички движења.

РАК
Работа:
Вообичаениот и мирен прв ден од викендот и стандардните домашни обврски ќе му одземат најголем дел од времето на Ракот. Одвојте доволно време за некоја физичка активност, ќе уживате.

Љубов: На полето на љубовните врски, оваа сабота би можела да донесе неколку провокативни ситуации во кои би можеле да се тестираат вашата лојалност и посветеност кон саканата личност.

Здравје: Без значајни предупредувања, пишува Астропутник.

ЛАВ
Работа:
Речиси цел работен ден, типичните Лавови треба да уживаат во брановите на новите деловни ветрови.

Љубов: Позитивен став и добро расположение ќе ве придружуваат во текот на овој ден и на љубовен план, па реално е да очекувате дека ќе го искористите и тоа преку ново интересно познанство во најавата. Уживајте.

Здравје: Многу добро.

ДЕВИЦА
Работа:
На родените во знакот Девица им претстои еден нормален работен ден за без проблем да ги завршат започнатите обврски.

Љубов: Што се однесува до потенцијалните настани во љубовната сфера, повеќе фактори ви одат во прилог, особено ако планирате да организирате заеднички активности со саканата личност.

Здравје: Би уживале во физичка активност.

ВАГА
Работа:
Еден од подобрите денови е пред Вагата. Добрата деловна комуникација ви дава многу добра основа за навремена реализација на сите задачи.

Љубов: Дајте го својот придонес, колку што можете, максимално дипломатски, за да се намалат недоразбирањата во комуникацијата со саканата личност во најмала можна мера.

Здравје: Избегнувајте нагли физички движења.

ШКОРПИЈА
Работа:
Во текот на овој прв ден од викендот не е реално да очекувате големи деловни промени за повеќето Шкорпии, но секако е за размислување и правење планови на оваа тема. Еден пријателски совет би помогнал многу.

Љубов: Можеби вашите активности се просечни, но поволните љубовни ветришта од страна можат да ви донесат поинтересни нови познанства денес.

Здравје: Психофизички замор.

СТРЕЛЕЦ
Работа:
Претстои прилично релаксиран ден за Стрелците да уживаат и евентуално да му помогнат на некој од нивните драги пријатели. Дефинитивно ќе уживате во пријателското опкружување.

Љубов: Доколку имате желба и волја да посветите посебно внимание на саканата личност и да поминувате што повеќе време заедно, еве ја идеалната можност тоа да го остварите.

Здравје: Одлично.

ЈАРЕЦ
Работа:
Направете ја потребната комуникација со колегите во однос на деловните договори, а остатокот од времето посветете го на многу потребниот одмор.

Љубов: Сомнежите и дилемите кои ве оптоваруваат можете да ги решите со директен и отворен пристап, а никогаш со крути и непопустливи ставови.

Здравје: Психофизички замор.

ВОДОЛИЈА
Работа:
Овој ден е совршен за Водолиите да се посветат на деталите поврзани со развојот на нова идеја, која веќе некое време ви се врти во главата и конечно да почнат да ја спроведуваат.

Љубов: Бидете романтични и нежни и израдувајте ја саканата личност со некој убав знак на внимание.Тоа би можело да ви биде вратено надвор од очекувањата.

Здравје: Направете баланс помеѓу работата и одморот.

РИБА
Работа:
Поголемиот дел од оваа сабота типичните претставници на Рибите ќе имаат многу работа, но и неколку ситуации во кои може да дојде до мали недоразбирања во комуникацијата со колегите.

Љубов: Препуштете се на чувствата, пуштете ја вашата фантазија и угодете си себе си и на вашата сакана личност со убав предлог.

Здравје: Би уживале во физичка активност на отворено.

By Author