ОВЕН
Нагласената астролошка куќа на бизнисот, во која денес влегува Месечината, ви носи зголемување на приходите, но и вонредни трошоци. Поради предизвикувачкиот аспект со вашиот владетел Марс, можни се расправии со најблиските и колегите. Подложност на повреда.

БИК
Месечината влегува во вашиот знак, кој веќе ги содржи Јупитер и Уран, што ве прави склони кон прекумерно трошење пари, храна и други животни задоволства. Секстил со Сатурн, ви носи заработка преку аранжмани со странци. Проблеми поради љубомора на партнерот.

БЛИЗНАЦИ
Месечината во Бик денес ја поттикнува вашата интуиција, додека аспектот на вашиот владетел Меркур со Венера, ви носи финансиски придобивки, доколку се занимавате со некоја јавна дејност, адвокатура, дипломатија. Саканата личност не може да ја сокрие љубомората и посесивноста.

РАК
Нагласениот знак Бик, во кој денес влегува вашиот владетел Месечина, ви носи зголемување на приходите преку соработка со странци и работни места кои вклучуваат почести патувања. Брачниот или долгогодишен партнер има потреба да ви ја наметне својата волја и мислење.

ЛАВ
Напнатиот аспект помеѓу вашиот владетел Сонцето и Месечината ве предупредува да избегнувате расправии со претпоставените и долгорочниот партнер. Позицијата на Меркур, планетата на договорите, која управува со вашата работа, ви одговара доколку се занимавате со креативни активности или спорт.

ДЕВИЦА
Нагласениот знак на Бик поволно влијае на реализацијата на бизнисот поврзан со недвижности и градежни работи. Аспектите на вашиот владетел Меркур ви носат профит преку некои „тезги“. Романса со шармантна личност која ја познавате преку деловни контакти.

ВАГА
Марс во астролошкото поле на ментална состојба прави напнат аспект со Месечината што ве прави понервозни и нетрпеливи денес. Предизвикувачкиот аспект помеѓу вашиот владетел Венера и Уран, кој управува со вашиот љубовен живот, ги менува плановите со вашиот партнер.

ШКОРПИЈА
Преполната седма астролошка куќа, во која денес влегува Месечината, одговара на Шкорпиите кои се занимаваат со уметност, право. Позицијата на Венера, владетел на партнерските односи, ви носи разделба од саканата личност поради неочекувани околности.

СТРЕЛЕЦ
Спојот на Месечината и вашиот владетел Јупитер, планетата на среќата и парите, на астролошкото поле на работа, ви носи финансиска сатисфакција преку работата со луѓето кои живеат во странство. Некој ќе сака да ја премине линијата на пријателство со вас.

ЈАРЕЦ
Вашиот владетел Сатурн формира добар аспект со Месечината во астролошката куќа на љубовта и креативноста, што ги фаворизира уметниците на деловен план. А на љубовен план, може да ви донесе запознавање со интересна личност преку Интернет.

ВОДОЛИЈА
Нагласеното астрлошко поле на приватност, одговара на Водолиите кои имаат приватна компанија или се занимаваат со некој друг вид независна активност. Аспектот помеѓу вашиот владетел Уран и Венера ви носи вовед со некој на пат или на предавање.

РИБА
Положбата на Месечината во астролошката куќа на менталната состојба ја подобрува вашата интуиција, а секстилот со Сатурн во вашиот знак ви носи зголемување на приходите. Преписката со личност која ја познавате преку деловни контакти може да се претвори во нешто посериозно.

By Author