ОВЕН
Денешната енергија е поврзана со вашата владејачка планета Марс, која ја движи деловната страна и влијае да се свртите најмногу кон работата и обврските. Имате добри вести од партнерот. Можни проблеми со ‘рбетот.

БИК
Се појавува вашата емотивна страна. Ве очекуваат добри вести во врска со работата, до крајот на денот ве очекува голема одлука. Проблеми со алергија.

БЛИЗНАЦИ
Во текот на денот чувствувате емотивно незадоволство бидејќи се вратиле проблемите од минатото во врската. Обидете се да се фокусирате на работата бидејќи таму сте најдобри. Одморете се, може да имате проблеми со спиењето.

РАК
До крајот на денот ќе добиете вести за членовите на семејството кои можат да ве вознемират. Обидете се да разберете дека тоа се нивни проблеми, а не ваши. Парите пристигнуваат, но не толку колку што очекувате. Проблеми со органите за варење.

ЛАВ
Денес сте посветени на себе и така треба да остане до крајот на денот. Одлуката што ќе ја донесете во однос на љубовта е многу важна, особено ако се работи за личност под знакот Јарец. Внимавајте на исхраната, бидејќи можни се проблеми со органите за варење.

ДЕВИЦА
Денес ќе бидете целосно посветени на работата, бидејќи личноста „која е над вас“ бара од вас многу повеќе отколку што можете да постигнете. Обидете се да завршите се што имате за да не си создавате дополнителни проблеми. Здравствената состојба е одлична.

ВАГА
Ова е посебен ден бидејќи енергијата на Марс и Венера ја активира вашата љубовна страна. Доаѓате до решение кога е во прашање односот со партнерот, особено ако се работи за заедничко патување. До крајот на денот можни проблеми со грлото.

ШКОРПИЈА
Во текот на денешниот ден посветете се повеќе на себе и на своите одлуки. Можно е денес да потпишете документ кој требало да го завршите порано. Не влегувајте во конфликт со партнерот затоа што не добивате ништо. Во останатиот дел од денот внимавајте на долниот дел од ‘рбетот.

СТРЕЛЕЦ
Вашата слобода нема цена, што ќе се потврди и денес, особено кога се во прашање односите со пријателите и односите на деловната страна. Личност под знакот Лав може да ви биде добра поддршка во однос на финансиската соработка. Обратете внимание на можни конфликти внатре во куќата кои можат да ве направат многу нервозни.

ЈАРЕЦ
Вашата енергија денес е под влијание на другите луѓе. Нема да имате доволно време да разговарате за некои работи на работа, но важно е да се фокусирате на она што го правите. Од странство пристигнуваат позитивни вести за пари. Здравјето е стабилно.

ВОДОЛИЈА
Денеска ќе бидат тврдоглави што на крајот ќе им се исплати. Имате потреба да доминирате со другите бидејќи сакате да расчистите некои работи во вашата околина. Љубовната ситуација е комплицирана, што ви создава дополнителна напнатост. Пазете се од емоционални разочарувања.

РИБА
Љубовта ќе стигне до крајот на денот, ќе бидете под впечаток на сите убави работи што ќе ви ги испрати партнерот. Емоциите ви се во пораст и ќе бидете многу фокусирани на приватниот живот. Деловната страна стагнира, но тоа не ве загрижува. Важно е да сте исполнети одвнатре.

By Author