ОВЕН
Работа:
Треба да го промените ставот. Сè има своја добра и лоша страна, а на вас останува да зачувате добра деловна позиција и интереси.

Љубов: Партнерот позитивно влијае на вашето расположение. Уживајте во различни ситуации кои ве зближуваат емотивно.

Здравје: Важно е да размислувате во позитивна насока, да се опуштите.

БИК
Работа:
Доволно сте мудри за да оправдате нечии очекувања, но и да го зачувате вашиот личен интерес. Избегнувајте ситуации кои ве заморуваат.

Љубов: Нема причина да се сомневате во вашите чувства или во зборовите што ги кажува вашата сакана личност. Делувате премногу строго.

Здравје: Ќе ви се допадне диета или витаминска исхрана.

БЛИЗНАЦИ
Работа: Обратете внимание на различни детали, бидејќи работите кои имаат важно значење често остануваат скриени меѓу редови или зад нечии ветувања.

Љубов: Зрачите со добра волја и емотивна нота, а партнерот има смисла за убави и корисни работи. Прекрасно се надополнувате.

Здравје: Почестете се со некоја омилена забава, како рецепт за добро расположение.

РАК
Работа:
Замор, слаба концентрација или расеаност се доволна причина да не се вклучите во различни работи.

Љубов: Ненадејната средба влијае на вашето емотивно расположение. Потпрете се на вашите чувства пред да донесете сериозна одлука.

Здравје: Ќе уживате повеќе часови здрав сон, внимавајте на соништата.

ЛАВ
Работа:
Ќе се покаже дека имате добри деловни прогнози. Има различни толкувања, но не дозволувајте некој да го промени значењето на вашиот успех.

Љубов: Почестете се со добра забава или средба со интересна личност со која имате слични афинитети. Сличностите зближуваат.

Здравје: Важно е правилно да ја насочите вашата креативна енергија.

ДЕВИЦА

Работа: Не верувате во нови информации и нечија приказна, но притоа немате големо влијание врз колегите.

Љубов: Дозволете му на партнерот да донесе одлука во ваше име. Треба да имате доволно доверба во блиска личност.

Здравје: Преголемата грижа лошо влијае на вашето здравје.

ВАГА
Работа: Новата ситуација на деловната сцена прифатете ја како логичен редослед на настани и како добар поттик да го промените односот кон вашите соработници.

Љубов: Бидете дискретни, не дозволувајте вниманието да ви го одвлекуваат други луѓе од страна или ласкави комплименти што ги добивате.

Здравје: Важно е да го задржите разумот или присебноста.

СКОРПИЈА
Работа: Нема причина да истражувате област или прашања кои спаѓаат во зоната со висок ризик. Бидете разумни.

Љубов:
Потрудете се подобро да разберете нечија слабост или ограничувања. Партнерот не сака да ве оптоварува со своите дилеми.

Здравје: Поттикнете го оптимизмот и добрата волја кај себе.

СТРЕЛЕЦ
Работа: Збунети сте од одговорите што ги добивате од вашите соработници, бидејќи секој има своја верзија на приказната или лични интереси што ги подбутнува во заедничка корист.

Љубов: Се повеќе почнува да ви пречи нечие присуство или однесување. Сакате да ја совладате целата ситуација.

Здравје: Избегнувајте стресни и напорни ситуации.

ЈАРЕЦ
Работа: Доколку се грижите за остварување бизнис профит, важно е да бидете чекор понапред од другите и истрајни во своите намери.

Љубов: Се занесувате со некои идеи, но партнерот со симпатична насмевка гледа на вашето фалење и ароганција.

Здравје: Потикнете го вашето добро расположение и креативна енергија.

ВОДОЛИЈА
Работа: Јасно е дека многу работи изгледаат поинаку во споредба со она што јавно се кажува или презентира во друштво на соработници.

Љубов: Сè повеќе почнувате да ви недостасува нечие присуство или емотивно внимание. Нема причина да ги потиснувате вашите чувства.

Здравје: Избегнувајте депресивно расположение и деструктивно однесување.

РИБА
Работа:
Не ви се допаѓа нечие додворување или присилно однесување. Потрудете се да ги заштитите вашите деловни интереси.

Љубов: Потребно ви е нечие присуство и разбирање. Сепак, имате впечаток дека вашата сакана личност не се грижи многу за вашите потреби.

Здравје: Избегнувајте конфликти или стресни ситуации.

By Author