ОВЕН
Кога Месечината се движи над астролошката куќа на среќните околности, вашата ефикасност и претприемништво доаѓаат до полн израз денес. Напнатиот аспект помеѓу вашиот владетел Марс и Сатурн забавува некои од вашите планови, но ситуацијата наскоро ќе се промени.

БИК
Аспектите на Месечината кои го преминуваат вашето астролошко поле на приватност, ги одложуваат договорите со соработници или роднини во семејниот бизнис. Позицијата на Венера придонесува за хармоничен однос со брачниот или долгогодишен партнер.

БЛИЗНАЦИ
Симболот на емоциите, Месечината, формира тројка со вашиот владетел Меркур, планетата на логиката, поради што можете да склучите поволен договор за деловна соработка со нови партнери. Позицијата на Марс ви носи шанси да тргнете на заедничко патување со саканата личност.

РАК
Вашиот владетел, Месечината, денес формира аспекти кои бараат прилагодување на желбите и на љубовниот и на деловниот партнер. Доколку планиравте да вложите пари во нов аранжман во кој учествуваат и вашите додворувачи, треба да бидете повнимателни.

ЛАВ
Месечината се приближува до последните степени на вашиот знак, формирајќи аспекти кои бараат од вас подетално да ја процените деловната ситуација. Воздржете се од непотребни трошоци. Љубовниот партнер ја очекува вашата поддршка. Внимание во сообраќајот.

ДЕВИЦА
Неочекуваните околности на работа ве напнуваат и внесуваат тензија во односите со вашите соработници. Аспектот на Месечината и Марс, во попладневните часови, придонесуваат за љубоморните реакции на вашиот партнер, кој смета дека сте му дале причина за тоа.

ВАГА
Ситуацијата на љубовен план, како и на работа, бара повеќе трпение и способност за прилагодување на новите околности или работни услови. Ве очекува познанство со личност која во моментот на запознавањето ќе премолчи дека е зафатена. Движете повеќе.

ШКОРПИЈА
Вестите кои можат да го променат понатамошниот тек на вашата деловна ситуација пристигнуваат попладне. Треба да послушате еден Јарец, кој секогаш го има вистинскиот совет за вас. Личност која сте ја запознале преку пријател ви испраќа повик за состанок.

СТРЕЛЕЦ
Напнатите аспекти на Месечината, во астролошкото поле на контакти со странци и патувања, бараат да се прилагодите на новите околности на финансиски план, како и на желбите на помладите членови на семејството. Љубовниот партнер ви подготвува изненадување.

ЈАРЕЦ
Позициите на Месечината и вашиот владетел Сатурн, во вечерните часови ви носат решение за ситуација поврзана со постигнување договор за деловен аранжман со странци. Емотивниот партнер очекува да му посветите повеќе внимание. Бидете внимателни зад воланот.

ВОДОЛИЈА
Ви одговараат аспектите на Месечината во астролошкото поле на партнерските односи, особено ако се занимавате со јавна дејност, адвокатска пракса, настава. Можно е кратко патување. Саканата личност сака да разговарате за уредување на станбен или деловен простор.

РИБА
Аспектите на Месечината со вашиот владетел Нептун и Сатурн во вашиот знак одговараат на уметници, научници, спортисти. Можна дискусија со соработниците, поради што треба да покажете поголема толеранција и разбирање за нив. Повеќе движете.

By Author