ОВЕН
Работа:
Можни се проблеми со хартиите, или со некои договори, кои ќе бараат посебно внимание и посветеност од вас.

Љубов: Не се гушете себеси со одредени ситуации и луѓе кои не ве задоволуваат и ви ја трошат енергијата.

Здравје: Напнатост, стрес.

БИК
Работа:
Иако денес сè може да оди со побавно темпо отколку што сакате, нема причина да се грижите, ќе успеете да завршите се.

Љубов: Доколку ве мачат одредени дилеми и сомнежи, имате поволна можност заеднички да ги решите.

Здравје: Внимавајте на исхраната.

БЛИЗНАЦИ
Работа:
Ве очекуваат важни зделки, контакти со луѓе кои ве слушаат и разбираат, па не ја пропуштајте можноста да се покажете во вистинско светло.

Љубов: Нема значајни промени во однос на претходната состојба на вашиот љубовен живот. Близнаците денес имаат солидни услови за лесно кокетство, флертување.

Здравје: Одлично.

РАК
Работа:
Не си давајте паузи и предолги интервали за одмор и релаксација, внимавајте на роковите за завршување на договорените работи.

Љубов: Слободни Ракови, ова е поволен период за почеток, излегувања, дружење со пријателите, социјалните мрежи се во оптек.

Здравје: Пазете се од вирусни инфекции, настинки.

ЛАВ
Работа:
Можни се доцнења или недоразбирања во комуникацијата со најблиските соработници. Биди стрплив.

Љубов: Денес ќе уживате во секакви собири и дружења. Затоа не треба да имате дилеми како ќе ги поминете заедничките моменти.

Здравје: Пазете се од настинки.

ДЕВИЦА
Работа:
Девиците не очекуваат некои поголеми пресврти и промени што се однесува до работата. Бидете малку потрпеливи, многу брзо треба да започнат некои ситуации, некои поконкретни акции и планови.

Љубов: Доколку планирате заедничко патување во странство, поволен момент е тоа да се оствари.

Здравје: Многу добро.

ВАГА
Работа:
За Вагите претстои многу добар работен ден. Постои можност успешно да реализирате некои планови кои сте ги започнале порано.

Љубов: За оние кои се во емотивни врски, многу работи се одвиваат во мирен, стабилен ритам, но тоа не е досадно и тоа е најважно.

Здравје: Одлично.

ШКОРПИЈА
Работа:
Сè што сте започнале порано, во кое сте се ангажирале и вложивте огромна енергија, сега веќе ги добива своите позитивни епилози.

Љубов: Околу вас има позитивно опкружување, не ви преостанува ништо друго освен да се вклучите и да придонесете со својата енергија ситуацијата да биде уште попозитивна.

Здравје: Можни проблеми со дишните патишта.

СТРЕЛЕЦ
Работа:
Почетокот на неделата може да донесе подобрување во комуникацијата со претпоставените на Стрелецот, но и конкретен почеток на се што беше застиј во претходниот период.

Љубов: Полека работите се кристализираат и си доаѓаат на свое место, искористете го секој момент за да ја подобрите комуникацијата и да изградите стабилна врска.

Здравје: Нема значајни предупредувања.

ЈАРЕЦ
Работа:
Она со што дефинитивно ќе можете да бидете задоволни е фактот што успеавте да решите некои навистина големи проекти и обврски, или некои заостатоци и конечно да ставите крај на нив.

Љубов: Се препорачува да поминувате повеќе време заедно, да се дружите со пријателите и едноставно да уживате еден со друг.

Здравје: Многу добро.

ВОДОЛИЈА
Работа:
Претстои прилично напорна работна недела за Водолиите. Односот со најблиските соработници и колеги може да се влоши, без разлика колку вие и другата страна се обидувате да најдете заеднички јазик.

Љубов: Ве очекуваат пријатни изненадувања, излегувајте повеќе, раздвижете се и дружете се со пријателите.

Здравје: Ви треба повеќе одмор и релаксација.

РИБА
Работа:
Може да има големи проблеми во организацијата на работата, како и многу недоразбирања во комуникацијата со соработниците.

Љубов: Ве очекува повеќе или помалку стабилна ситуација и на вашето љубовно поле. Така треба да остане до крајот на денот.

Здравје: Чувствителност на уринарниот тракт.

By Author