Зен-состојбата подразбира хармонија на умот, телото и духот или душата. Доколку чувствувате дека има простор да работите на рамнотежа, веруваме дека ќе ви биде корисно она што следи. Можеби изгледа полесно да се каже отколку да се направи, но барем обидете се.
- Не правете повеќе од една работа истовремено – фокусирајте се на една и потоа продолжете понатаму. Кога одите, одете. Кога јадете, јадете.
2. Што и да правите, правете го со внимание и свесност.
3. Пристапувајте кон сè полека и смирено. Ако нешто работите набрзина и под стрес, подобро е да се откажете.
4. Не оставајте ги работите недовршени. Кога нешто започнувате, го завршувате – без разлика дали се работи за работи, задачи, разговори или врски.
5. Имајте редовни ритуали кои ве релаксираат.
6. Посветете време на работи кои ви се важни.Смејте се многу секој ден.
7. Сè што правите нека биде како чистење на домот, готвење или медитација.
8. Не занемарувајте се себеси.
9. Бидете љубезни и простувачки.
10. Живејте едноставно.