За православните христијански верници денеска 14 август се Богородични поклади и почнува двонеделниот Богородичен пост. Тој е еден од најстрогите пости, а се празнува во спомен на смртта на Дева Марија и денот кога таа се вознесе на небото.

Богородичниот пост за првпат се споменува во 9 век, а конечно бил востановен на Константинополскиот собор во 1166 година.

Секогаш започнува на денот на седумте браќа Макавеи и нивната мајка, кои биле маченички погубени.

Најмладиот од сите повеќедневни пости, беше воведен во чест и по примерот на Пресвета Богородица, Мајката Божја, која времето пред смртта го минувала во постојан пост и молитва.

Тој нè потсетува дека, заедно со намалената трпеза и смирените страсти, милостината и простувањето се првите на патот по кој телото и душата стануваат смирена целина, која води кон знаење и спасение во Божјата благодат.

Овој пост е најкраток, но многу строг, како Велигденскиот.

Овој пост е најкраткиот од четирите годишни пости, трае две недели, до 28 август, но е најстрог. Имено, во следните две недели се пости на вода, освен во недела кога е дозволено масло и вино, освен празникот Преображение на 19 август кога е дозволено да се јаде риба.

И покрај постоењето на ориентирни правила во однос на позволените и забранети продукти за исхрана, никогаш не смее да се заборави дека сржта на  православната антропологија е во тоа дека од човекот не треба да се стори проста маса, туку секој е и треба да остане конкретна личност, Оттаму, „строгоста“ на личното применување на физичката страна на постот зависи од личносниот совет од духовниот отец кон своето духовно чедо.

Исто така, треба да се има предвид дека постот има две страни: физичка и духовна. Телесен пост е воздржување од храна од животинско потекло. Духовниот пост е тој што никако не се „разблажнува“  подразбира одрекување од секакви грешни и лоши мисли, желби и постапки.

Телесниот пост е само неопходна помошна алатка за успешна духовна борба против страстите, кои се поттикнати од телесните желби. Вистинскиот пост, кој вклучува и физички и духовен аспект, го доведува човекот до смирение. Ослободувањето на умот и телото од погрешни мисли и постапки со молитви е суштината на христијанскиот пост.

Постот е посветен на Богородица, а се верува дека е особено важен за жените и мајките, нивниот мир и радост и заедништво на празникот Успение на Пресвета Богородица, празник посветен на мајките и децата.

By Author