На 6ти Фвруар во 15часот и 4минути се случила страшната воздухопловна несреќа во која загинале 23 патници од кој 8 биле играчи на Британскиот клуб Манчестер Јунајтед.
Тој ден играчите на Јунајтед се враќале од Белград каде играле натпревар од Европската лига со Црвена ѕвезда, но авионот морал да застане во Минхен поради недостаток на гориво. Истиот се обидел повторно да полета при што имал два неуспешни обиди и покрај тоа се обидел да полета и трет пат кој бил и фатален. Имено пистата на аеродромот Минхен-Рием била целоснонпокриена со снег што допринело авионот да не успее да развие брзина која е доволна за полетување (220км) по што на влжната писта во еден момент брзината почнала да се намалува и веќе било доцна авионот да се врати на пистата по што ја проби оградата и со едно крило удрил во зграда која за среќа не била населена.
На лице место загинуваат 20 патника, а тројца подоцна им подлегнуваат на повредите. Од тогашнит тим на Јунајтед кој го носел прекарот “Бебињата на Базби” загинуваат 8 играчи Геоф Бент, Роџер Баирне, Едди Колман, Данкан Едвардс, Марк Џонс, Давид Пег, Томми Таилор, Лиам Велан.