Со 25 куршуми непознати лица доцна попладнето убиле шест лица во населбата Артемис во Атина. Според грчките медиуми, сите загинати се странски државјани.

Protothema.gr објави фотографии и видеа од автомобилот во кој пет од шесте лица се пронајдени мртви.

Станува збор за странци кои очигледно паднале во смртоносна заседа. Полицијата наводно трага по мотор и црн автомобил со кои наводно побегнале сторителите, јавува Prototema.gr.

Според Си-Ен-Ен Грција, во престрелката бил употребен пиштол калибар 9 милиметри.

Во тек е увид, а на терен се полициски сили. На местото на убиството е и брза помош.

Првите информации велат дека до пукањето дошло поради одмазда и „расчистување сметки“.

Драмата во атинската населба Артемида се случи во понеделникот попладне, кога грчките полициски радио станици добија информација за пукање во кое загинаа шест лица.

Според грчките медиуми, полициските сили пристигнале на повик околу 17 часот и 40 минути по локално време.

By Author