Сигурно сте ја слушнале изреката „ти си тоа што го јадеш“ многу пати претходно. Освен што влијае на нашето здравје, тежина и изглед на кожата и косата, храната може да влијае и на нашето расположение и продуктивност.

Храна што ја зголемува продуктивноста

Боровинки

Боровинките се богати со антиоксиданси кои, меѓу другото, влијаат на нашите когнитивни способности. Истражувањата покажуваат дека децата кои јаделе боровинки на дневна основа, покажале подобра способност за извршување задачи.

Јагоди

Јагодите се совршена закуска, бидејќи се богати со флавоноиди кои помагаат за подобро функционирање на мозокот и ја подобруваат меморијата.

Спанаќ

Покрај тоа што овој зеленчук ја подобрува нашата крвна слика, спанаќот влијае и на подобриот развој на мозокот, и го зајакнува, а со тоа ги подобрува моторните и способностите за учење.

Кале

Овој зеленчук е полн со калциум и влакна, кои се „гориво“ за нашиот мозок. Покрај тоа, калеот содржи и магнезиум, кој ја подобрува концентрацијата и функцијата на мозокот.

Авокадо

Авокадото е супер храна, бидејќи ги заштитува клетките и овозможува подобар проток на информации.

Домат

Доматот е полн со антиоксиданси кои спречуваат депресија, анксиозност, а истовремено го штитат мозокот и го зајакнуваат.

Покрај исхраната, многу е важно да се занимавате со физичка активност секој ден, но и да одвоите еден час за себе, со цел телото да се регенерира и да се одмори. Најдобар начин да го направите тоа е да медитирате, да прошетате во природа или да прочитате неколку страници од вашата омилена книга.

By Admin