Во близина на облакодерите има и станбени згради и трговски центар

Две лица се хоспитализирани откако избувна голем пожар на облакодер во Хонг Конг.

Повредените мажи, за кои медиумите велат дека се возачи, итно се пренесени во болница на лекување.

Пожарот наводно избувнал на бамбусовите скелиња околу зградата, а наводно се слушнале и експлозии.

Две противпожарни бригади се бореле со пожарот.

Од облакодерот почнале да паѓаат искри од пожарот, а во еден момент постоела опасност пожарот да се прошири на луксузниот хотел и блискиот блок деловни згради.

Во близина на зградата има и станбени згради и трговски центар.

Истрагата е во тек, по што ќе се знаат повеќе детали за причината за пожарот.

By Author