Поради трагедијата во Грција е прогласена тридневна жалост.

Над десетина граѓани вечерва се собраа на плоштадот пред железничката станица во Лариса во знак на протест поради железничката несреќа во која загинаа најмалку 43 лица.

Со транспаренти во рацете запалија свеќи во спомен на сите жртви од страшната несреќа, пишува Прототема.

Во меѓувреме на улиците на Атина избувнаа немири. Голем број демонстранти излегоа на улиците гневни на Владата што ја приватизираше железничката компанија „Хеленик Трејн“, која во моментов работи со патнички и товарни возови.

Полицијата се обиде да ги спречи демонстрантите со солзавец.

Поради трагедијата во Грција е прогласена тридневна жалост.

Причината за несреќата се уште не е позната, а истрагата ќе треба да одговори на прашањето како е можно двата воза кои се судриле да поминуваат цел километар по иста пруга.

Ова е најтешката сообраќајна несреќа во Грција во последните неколку децении.

By Author