Прогноза за 05.05.2022
Сончево и потопло со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималните температури ќе се движат од 2 °C до 9 °C, додека максималните ќе бидат во распон од 16 °C до 26 °C.
Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.