Прогноза за 04.11.2023
Oблачно и посвежо со врнежи од дожд, на места обилни (над 40 l/m2). Врнежите повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи, локално во форма на невреме со силен ветер.
Минималните утрински температури ќе се движат од 8 °C до 15 °C, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 9 °C до 19 °C.
Во Скопје облачно со врнежи од дожд, повремено поројни. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.
Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.