Прогноза за 02.11.2023

Претпладне променливо облачно со локални врнежи од дожд, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од југозападен правец.

Минималните утрински температури ќе се движат од 7 °C до 14 °C, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 13 °C до 23 °C

Во Скопје променливо облачно, претпладне со повремен дожд, а попладне умерено облачно со слаб ветер од југозападен правец.

Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

By Author