Прогноза за 31.10.2023

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој долж Повардарието наместа ќе засилува. Во текот на ноќта во крајните западни делови ќе има локален дожд.

Минималните утрински температури ќе се движат од 2 °C до 10 °C, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 18 °C до 25 °C.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со умерен ветер од југоисточен правец.

Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

By Author