Прогноза за 19.10.2023

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а на места долж Повардарието засилен ветер од јужен правец.

Минималните утрински температури ќе се движат од 3 °C до 13 °C, додека максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 21 степен.

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Претпладне значително облачно, попладне сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен, а попладне на моменти засилен југоисточен ветер. T= 20 °C, P= 978 hPa, U= 38 %, V= 4 m/s.

Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

By Author