Прогноза за 16.10.2023

Претпладне облачно со локални врнежи од дожд, попладне променливо облачно и свежо. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, најизразен долж Повардарието.

Утринските минимални температури ќе се движат од 6 °C до 16 °C, додека максималните дневни температури ќе бидат во интервал од 15 °C до  22 °C.

Во Скопје променливо облачно и ветровито, во утринските часови со врнежи од дожд. Ќе дува засилен ветер од северен правец.

Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

By Author