Прогноза за 15.09.2023
Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Од пладневните часови наместа ќе има појава на пороен дожд со грмежи. UV=6
Утринските минимални температури ќе се движат од 9 °C до 17 °C, додека максималните дневни ќе се движат од 24 °C до 33 °C.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, попладне во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец.
Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.