Прогноза за 05.09.2023

Променливо облачно и ветровито време со локален дожд, претежно во западните и јужните делови, каде е можна и појава на грмежи. Ќе дува засилен североисточен ветер (на места со брзина над 70 км/час). UV=5

Утринските минимални температури ќе се движат од 10 °C до 16 °C, додека максималните дневни ќе се бидат во интервал од 17 °C до 27 °C.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и ветровито со умерен до засилен североисточен ветер.

Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

By Author