Прогноза за 04.09.2023
Од изутрина ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Преку денот ќе биде значително посвежо и ќе дува умерен до засилен северен ветер (и над 60 км/час). УВ=5
Минималните температури ќе се движат од 9 °C до 19 °C , додека максималните ќе бидат во интервал од 13 °C до 21 °C.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.