Прогноза за 29.08.2023

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално во попладневните часови процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, поинтензивни електрични празнења, силен ветер и појава на град. Дневната температура ќе се намали за пет до осум степени. UV=6

Минималните температури ќе се движат од 14 °C до 23 °C, додека максималните ќе бидат во интервал од 22 °C до 33 °C.

Во Скопје променливо облачно, од пладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме.

Соопштуваат од управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

By Author