Прогноза за 14.08.2023
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец кој наместа во западните и североисточните делови повремено ќе засилува. UV=8
Утринските минимални температури ќе се движат од 10 °C до 20 °C, додека максималните дневни ќе бидат во распон од 26 °C до 35 °C.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.
Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.