Прогноза за 10.08.2023
Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. UV=7
Утринските минимални температури ќе се движат од 9 °C до 18 °C, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 20 °C до 29 °C.
Во Скопје променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали.
Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.