Прогноза за 01.07.2023

Претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.

Минималните температури ќе се движат од 10 °C до 18 °C, додека максималните ќе бидат во интервал од 22 °C до 33 °C.

Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.

Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

By Author