Прогноза за 16.06.2023
Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (над 25 l/m²), засилен ветер (над 60км/ч.) и изолирана појава на град.
Минималните температури ќе се движат од 10 °C до 18 °C, додека максималните ќе бидат во интервал од 16 °C до 26 °C.
Во Скопје променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд и засилен ветер.
Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.